sheqerinskaРадмила Шеќеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборната единица 5 и заменик претседателка на СДСМ, од Кичево денеска порача дека мора да се запре масовното иселување на младите со покачување на платите и отворање на што повеќе работни места.

„Денес сме во Кичево каде што граѓаните се соочуваат со истите проблеми како и низ цела Македонија. Еден од нив се катастрофалните услови во здравството”.

„Ние во нашиот план за живот во Македонија гарантираме минимална плата која ќе изнесува 16.000 денари, секоја година ќе биде покачена и ќе обезбеди на крајот на мандатот просечната плата во РМ да изнесува 30.000.„, рече меѓу другото на пладневната пресконференција организирана на градскиот плоштад во Кичево, носителот на листа од СДСМ и коалицијата во изборната единица 5, Радмила Шеќеринска.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/SHEQERINSKA-700x394.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/SHEQERINSKA-150x150.jpggurramkКичевоНасловнаРадмила Шеќеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборната единица 5 и заменик претседателка на СДСМ, од Кичево денеска порача дека мора да се запре масовното иселување на младите со покачување на платите и отворање на што повеќе работни места. „Денес сме во Кичево каде што граѓаните...Телевизија Гурра