147606Холивудскиот актер Расел Кроу се подготвува за свадба, пишуваат  американските таблоиди. Наводно педесет и двегодишниот актер планира врската со Тери Ирвин, вдовица на Стив Ирвин, да ја круниса со брак.

Како што пишува „New idea“, двојката наскоро би требало да ја потврди својата врска, бидејќи вдовицата на „Ловецот на крокодили“, повеќе не сака да се крие. Извор близок до неа додава дека двојката е многу вљубена веќе подолго време.

„Обајцата имаа тешки периоди во љубовта и имаат разбирање еден за друг, па веројатно тоа е една од причините поради кои толку добро се согласуваат“, додава изворот.

Стив Ирвин загина пред десет години откако при нуркање го прободе ража. Расел Кроу пред четири години се раздели од сопругата Даниел Спенсер со која има два сина. Тери е мајка на две деца, седумнаесетгодишната Бинди и дванаесетгодишниот Роберт.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/147606.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/147606-150x150.jpggurramkНасловнаШоуБизХоливудскиот актер Расел Кроу се подготвува за свадба, пишуваат  американските таблоиди. Наводно педесет и двегодишниот актер планира врската со Тери Ирвин, вдовица на Стив Ирвин, да ја круниса со брак. Како што пишува „New idea“, двојката наскоро би требало да ја потврди својата врска, бидејќи вдовицата на „Ловецот на крокодили“,...Телевизија Гурра