timthumb-5Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема проблем во односите на Тирана со Белград и Приштина и предупреди дека одредени портали не ја прикажале реално состојбата кога објавија дека по неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ, на Косово се јавило нерасположение.

–  Околу нашиот став за Србија се договараме и координираме (со Приштина) како и за други прашање, тогаш кога е тоа неопходно, нагласи Рама.

Прашан за неговата улога во „овој триаголник“, Рама за Дојче веле наведе дека на пишувањето на одредени портали треба да се гледа со најголема внимателност.

– Ве уверувам дека на порталите на кои се повикувате не ја одразуваат реалноста. Напротив, на нив треба да се гледа со најголема внимателност, бидејќи од нив можете да стекнете само деформирана слика за реалноста. Нема проблем во односте кои ги нарековте триаголник. Спротивно, сметам дека имаме фантастична соработка и меѓусебно разбирање со претседателот, премиерот и институциите на Косово, истакна Рама.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/timthumb-5-6-700x321.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/11/timthumb-5-6-150x150.jpggurramkАлбанијаНасловнаАлбанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема проблем во односите на Тирана со Белград и Приштина и предупреди дека одредени портали не ја прикажале реално состојбата кога објавија дека по неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ, на Косово се јавило нерасположение. –  Околу нашиот став за Србија се договараме...Телевизија Гурра