timthumbНовите случаи на заразени со ХИВ вирусот меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.

Во документот, чие објавување се совпаѓа со Светскиот ден за борба против сидата, кој се одбележува денеска, се нагласува дека поради демографските тенденции, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на тинејџерите, бројот на заразени со ХИВ меѓу младите луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години може речиси двојно да се зголеми во однос на 250 илјади случаи, регистрирани во 2015 година.

– Доколку напредокот во работата со таа група се забави, последиците може да се покажат како катастрофални. нагласи УНИЦЕФ и предупреди дека парите  кои се даваат за борба против сидата се намалени од 2014 година.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/timthumb-700x364.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/timthumb-150x150.jpggurramkНасловнаСветотНовите случаи на заразени со ХИВ вирусот меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во документот, чие...Телевизија Гурра