148943Три илјади полицајци се ангажирани денеска поради денешните демонстрации во Атина по повод годишнината од убиството на Александар Григоропулос.

На 6 декември 2008 година убиството на 15 годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири. Оттогаш секоја година во спомен на момчето се одржуваат демонстрации, во кои повеќе пати доаѓаше до судири со силите за зачувување на редот.

Ученици и студенти денеска ќе се соберат на митинг, на кој се очекува да присуствуваат и анархисти. За вечерва анархистите планираа и свој митинг.

Полицијата смета дека денешните демонстрации на анархистите имаат врска со нејзината операција во неделата, кога на атинскиот плоштад беше откриен куфер со 149 рачно изработени бомби.

Митинзи и протестни маршеви во врска со убиството на момчето ќе се одржат и во други градови на Грција.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/148943.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/148943-150x150.jpggurramkНасловнаРегионТри илјади полицајци се ангажирани денеска поради денешните демонстрации во Атина по повод годишнината од убиството на Александар Григоропулос. На 6 декември 2008 година убиството на 15 годишниот Григоропулос од страна на полицијата предизвика масовни немири. Оттогаш секоја година во спомен на момчето се одржуваат демонстрации, во кои повеќе пати...Телевизија Гурра