20161216093918Во Кина најбогатиот човек бара лице кое ќе ја води неговата компанија.

Неговиот единствен син не сака да го преземе и да раководи со богатството.

Ванг Џианлин (62), основач и шеф на „Далиан Ванда груп“ изјавил дека неговиот син, 28-годишниот Ванг Сиконг,  не сака да биде главен човек во компанијата.

„Далиан Ванда груп“ се состои од хотели, трговски центри, тематски паркови и рекреативно спортски клубови.

„Тој ми рече дека не сака да живее како мене. Можеби би било подобро да го предадам бизнисот на професионални менаџери, да видам како тие ќе управуваат со компанијата. Имаме неколку кандидати меѓу менаџерите. Оној кој би го подучувал да стане лидер на работењето не би требало да биде подобар од оној кој би се истакнал низ натпреварувањето“ – кажа Џианлин.

Ванг Сиконг е директор на една од компаниите кои се дел од татковата империја.

Тој е познат по неговото фалење со својот луксузен живот, но и по арогантното однесување.

Оваа година му купи на своето куче аљаски маламут по името Коко неколку нови телефони „ајфон“ и паметни часовници „Епл“, кои ги стави околу шепата на кучето.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/20161216093918.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2016/12/20161216093918-150x150.jpggurramkНасловнаСветотШоуБизВо Кина најбогатиот човек бара лице кое ќе ја води неговата компанија. Неговиот единствен син не сака да го преземе и да раководи со богатството. Ванг Џианлин (62), основач и шеф на „Далиан Ванда груп“ изјавил дека неговиот син, 28-годишниот Ванг Сиконг,  не сака да биде главен човек во компанијата. „Далиан Ванда...Телевизија Гурра