Градоначалниците од југоисточниот регион бараат владата на една од следните седници да расправа за резултатите од референдумите во југоистокот бидејки како општини немале надлежност врз склучените договори и издадените концесии за истражување и експлоатација на металични минерални суровини.

Ова е заколучокот од 26- тата седница на советот на југоисточниот плански регион каде партиципираат десетте градоначалници од овој дел на државата и расправаат за иницијативите и одржаните референдуми.

Во општините Богданци и Гевгелија се одржаа референдуми каде жителите  се против отварање рудници додека во Дојран и Валандово постапката е во тек.

Според нив одлуките за доделување концесии ги носи владата со министерството за економија и од тука владата мора да донесе одлуки што по издадените концесии и за истражување и за експлоатација на руда од југоистокот.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166619.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166619-150x150.jpggurramkМакедонијаНасловнаГрадоначалниците од југоисточниот регион бараат владата на една од следните седници да расправа за резултатите од референдумите во југоистокот бидејки како општини немале надлежност врз склучените договори и издадените концесии за истражување и експлоатација на металични минерални суровини. Ова е заколучокот од 26- тата седница на советот на југоисточниот плански...Телевизија Гурра