Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вчера присуствуваше во Тирана на митинг на Движењето за социјалистичка интеграција, чиј лидер Илир Мета по изборот за претседател на Албанија се откажа од лидерската позиција на партијата, каде го замени Петрит Васили.

На митингот уште прусиствуваше и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, чија партија Македонска алијанса за европска интеграција настапува заеднички на изборите во Албанија со партијата на Мета преку партискиот генерален секретар Васил Стерјовски, кој е кандидат во изборната единица за Корча.

На претстојните парламентарни избори на 18 јуни во се очекува партијата на довчерашниот претседател на албанскиот парламент и актуелен албански претседател, кој најави дека Македонците во Албанија ќе бидат застапени во сите сфери и нивоа на власт, да стане фактор без кој нема да може да се состави идната влада.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/Koce-i-Ilir-Meta.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/Koce-i-Ilir-Meta-150x150.jpggurramkАлбанијаМакедонијаНасловнаСкопскиот градоначалник Коце Трајановски вчера присуствуваше во Тирана на митинг на Движењето за социјалистичка интеграција, чиј лидер Илир Мета по изборот за претседател на Албанија се откажа од лидерската позиција на партијата, каде го замени Петрит Васили. На митингот уште прусиствуваше и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, чија партија Македонска алијанса за...Телевизија Гурра