Општините во Република Македонија исполнуваат 34 отсто од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот „Актион сее – одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во југоисточна Европа“, кој го спроведува фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“.

Просечниот индекс на отвореност на локалната самоуправа во Македонија според истражувањето е еднаков на просечниот индекс на отвореност на локалните самоуправи во целиот регион и според истражувачите  изнесува разочарувачки 34 отсто.

Ова истражување ги опфаќа принципите за транспарентност, достапност, интегритет и ефективност, од кои општините се на најниско ниво во споредба со другите држави во однос на индикаторите за достапност, односно општините исполнуваат 27 отсто од индикаторите.

Овие индикатори се однесуваат на обезбедување и почитување на постапките за слободен пристап до информации и зајакнување на интеракцијата со граѓаните.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166615.pnghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166615-150x150.pnggurramkМакедонијаНасловнаОпштините во Република Македонија исполнуваат 34 отсто од индексот на отвореност, покажа истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот „Актион сее – одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во југоисточна Европа“, кој го спроведува фондацијата за интернет и општество,...Телевизија Гурра