Недомаќинското работење на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го почувствуваа и студентите сместени во студентскиот дом “Гоце Делчев”, вели министерката за образование, Рената Дескоска, по информацијата дека студентите сместени во тој студентскиот дом поголем дел од вчерашниот денот биле без електрична енергија, а некои катови и без вода.

„Заради големи долгови за струја, беше исклучена струјата во домот. За жал, никој од одговорните во студентскиот дом не ме извести за тоа дека струјата се исклучува. По добиена информација од јавноста, веднаш интервениравме струјата да биде приклучена. Студентите се свесни за причините за состојбите во домовите и “игрите без граници” кои ги прават функционерите од претходната власт кои се уште држат позиции и не се разрешени“, се вели во дописот од министерството за образование.

Претходно, за проблемот реагираше и студенскиот парламент кој апелираше до надлежните органи тој да се реши во најкраток можен рок.

„Студентите кои се сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се недолжни да бидат жртви на негрижата од страна на надлежните, кои пак имаат законска обврска да им ги пружат основните услови за живеење на станарите во студентските домови“, велат од студенскиот парламент.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166588.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166588-150x150.jpggurramkМакедонијаНасловнаНедомаќинското работење на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го почувствуваа и студентите сместени во студентскиот дом 'Гоце Делчев', вели министерката за образование, Рената Дескоска, по информацијата дека студентите сместени во тој студентскиот дом поголем дел од вчерашниот денот биле без електрична енергија, а некои катови и без вода. „Заради големи...Телевизија Гурра