Синдикатот на Југохром ќе одржи работна средба со премиерот Зоран Заев. Претседателот на владата  одговори на барањето за средба, а истата ќе се одржи во недела во 14 часот.

Околу 600 вработени во тетовската фабрика беа отпуштени на почетокот на годината кога менаџментот соопшти дека повеќе не може да ги сервисира платите, во услови кога фабриката не работи.

Менаџментот вети дека доколку властите дозволат вклучување на печките, сите отпуштени работници ќе бидат вратени на работа. Тетовски Југохром престана да работи во ноември минатата година.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166613.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166613-150x150.jpggurramkМакедонијаНасловнаСиндикатот на Југохром ќе одржи работна средба со премиерот Зоран Заев. Претседателот на владата  одговори на барањето за средба, а истата ќе се одржи во недела во 14 часот. Околу 600 вработени во тетовската фабрика беа отпуштени на почетокот на годината кога менаџментот соопшти дека повеќе не може да ги...Телевизија Гурра