СДСМ денеска соопшти дека проблемот со депонијата во Струга интензивно се решава со сета расположива механизација по што ќе следува затрупување и нејзино целосно расчистување.

„Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши долгогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ единаесет години не направи ништо“, вели СДСМ во соопштението.

Според СДСМ, лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот откако новата Влада формирала комисија чиишто задолженија интензивно се спроведуваат на терен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот и решавање на проблемот.

http://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166605.jpghttp://mk.tvgurra.net/wp-content/uploads/2017/06/166605-150x150.jpggurramkМакедонијаНасловнаСДСМ денеска соопшти дека проблемот со депонијата во Струга интензивно се решава со сета расположива механизација по што ќе следува затрупување и нејзино целосно расчистување. „Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе...Телевизија Гурра